Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Интер ова лето стигнаа две засилувања од редовите на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.
Сега овие двајца играчи во црно-плавиот дрес ќе пробаат да покажат дека и тоа како вредат, а Белгиецот е веќе на добар пат многу бргу да стане миленик на навивачите на Интер.
Сега Санчез порача дека чуствува оти во Интер постои волја нешто да се постигне, за разлика од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, а приликата ја искористи да го пофали и Лукаку.
„Нема да најдете никој како него, нигде на светот“, изјави Санчез за ЕСПН, па продолжи:
„Лукаку и јас заедно тренираме многу добро, но мораме да играме заедно за да го дадеме најдоброто од себе“.
„Едноставно не беше право време за нас во Манчестер. Премногу промени. Кога толку работи се менуваат, тешко е…“, истакна Чилеанецот, па додаде:
„Лукаку и јас тренираме добро. Ја чуствувам волјата за постугнувања. Поради тоа сум овде. Поради тоа и Ромелу е тука. Дали ке фунционира? Околу тоа ќе можам повеќе да ви кажам на крајот од сезоната“.