Податок кој ветува светла иднина: Челси со пет гола во мрежата на Вулверхемптон, сите пет постигнати од младинците


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Екипата на Челси славеше убедлива победа на гостувањето кај Вулверхемптон со огромни 5:2.

Избраниците на Лампард кој на фантастичен начин го имаше подготвено тимот за овој натпревар одиграа вистинска симултанка и без никакви проблеми го решија незгодниот Вулверхемптон.

Три од петте погодоци на Челси постигна Тами Абрахам кој еднаш си ја затресе и сопствената мрежа со што стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал хет-трик, а притоа си дал и автогол.

Останатите два гола за Челси ги постигнаа Мејсон Маунт и Фујоко Томори, додека за Вулверхемптон прецизен беше Кутроне.