„Роналдо немаше пари, па доаѓаше зад ресторан и јас му давав хамбургери“


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Кристијано Роналдо имаше интервју неодамна, во кое беше искрен, природен и целосно отворен за разговор, а на крајот дури и се расплака.

Ѕвездата на Јувентус се потсети на детството, кога немал пари, па посетувал еден „МекДоналдс“, кадешто добивал бесплатни хамбургери.

„Кога имав 11, 12 години, немав пари. Живеев со останатите деца во клубот, а со месеци не си го гледав семејството. Тоа беше тежок период. Доцна навечер, околу полноќ, бевме гладни. А покрај стадионот имаше Мекдоналдс, кој го посетувавме и имаше три девојки, кои ни помагаа“, откри Роналдо.

По интервјуто се јави Паула Лека, една од жените кои Роналдо ги спомена во интервјуто.

„Се појави пред ресторан со соиграчите, а кога ќе останеше по некој хамбургер, нашиот менаџер ни даваше да ги донираме. Еден од нив беше за роналдо, кој беше најсрамежлив. Тие доаѓаа речиси секоја вечер. Му кажав на син ми дека тоа се случи, но тој едноставно не ми веруваше“, открива Паула.