Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Гранада приреди огромно изненадување откако на денешниот натпревар славеше против огромниот фаворит за победа, Барселона.
Тимот од Андалузија на домашен терен славеше со 2:0 против Барселона и барем за момент се искачи на врвот на табелата во Ла Лига.
Стрелци на погодоците за домашниот тим беа Азиз во 2. минута и Вадиљо во 65. минута кога успешно реализираше удар од белата точка.
Вреди да се напомене дека „каталонците“ на овој натпревар упатија само еден удар во голот на противничкиот тим.