Ејупи заврши зад решетки, претепал човек за паркинг место во Хрватска


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Хрватските медиуми утринава објавија дека македонскиот интернационалец Музафер Ејупи синоќа завршил во полиција, откако претепал човек за паркинг место.

Ејупи заедно со пријател без милост претепале жител на Копривница во центарот на градот, а 53-годишниот маж заработил сериозни повреди.

Во моментов се истражува случајот, па кога ќе се комплетираат сите докази, ќе бидат поднесени соодветни пријави до Ејупи и неговиот пријател, по што ќе биде позната и нивната казна, односно дали ќе останат зад решетки.

Ејупи се пресели во Хрватска во 2015 година, па најпрво настапуваше во Славен Белупо, по што имаше авантура во Осиек, а потоа пак се врати во неговиот прв хрватски клуб.