Е ова е циркус: Барселона ќе се жали на казна од „само“ – 300 евра!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Барселона беше казнет поради нелегални преговори во трансферот на Антоан Гризман.

Шпанската фудбалска федерација ги казни Каталонците со само 300 евра, зашто преговорите со Гризман ги воделе во текот на сезоната и така ги прекршиле правилата.

Меѓутоа, Барселона нема намера да ги плати ниту тие 300 евра. Шпанскиот новинар Марсело Бечер објави дека каталонската екипа подготвува жалба за казната.

Да потсетиме, Гризман стигна во Барселона од Атлетико за 120 милиони евра, но клубот од Мадрид поради тоа што не била клаузулата активирана, бараше сума од 200 милиони евра.

Сепак, на крајот залудно се жалеа од Атлетико, но неверојатно е и тоа што Каталонците прават циркус поради 300 евра.