Ејупи бил удрен со шипка во глава, па го претепал напаѓачот во самоодбрана!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Музафер Ејупи, кој го носи дресот на хрватски Славен Белупо, вчера беше уапсен во Копривница под сомнеж дека тој и неговиот роднина претепале 53-годишен маж.

Хрватските медиуми објавија дека Македонецот се скарал со 53-годишниот маж, по што роднината на Ејупи го претепал со шипка, но најновите детали даваат пресврт во ситуацијата.

„По истражувањето се сомнева дека во среда, на 25 септември, околу 19.40 часот во Копривница, 53-годишниот маж со шипка го удрил 31-годишниот Ејупи, а потоа и неговиот роднина. Притоа во самоодбрана нападнатите мажи му ја одземале шипката на 53-годишниот маж и го претепале“, пишува во полициското соопштение.

Ејупи е пуштен на слобода уште синоќа, додека неговиот роднина остана во притвор, но се очекува да излезе наскоро.