Се тресе столчето на Џампаоло: Во Милан размислуваат да го вратат Гатузо, а имаат и уште две други опции


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Речиси сигурно Марко Џампаоло ќе биде поранешен тренер на Милан доколку не успее да слави во дерби пресметката против Фиорентина која на програмата е закажана за овој викенд.

Милан вчера претрпе шокантен пораз од Торино и со тоа ја продлабочи кризата која трае уште од почетокот на сезоната.

Медиумите во Италија пренесуваат дека веќе се разгледуваат неколку опции, а меѓу нив е и Џенаро Гатузо кој би можел да се врати на тренерското столче. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Клаудио Раниери и Лучијано Спалети исто така се во игра за тренерската позиција на „Сан Сиро“.