Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот ветеран Луис Скола на 39 години ја продолжува кариерата во Олимпија од Милано, а тоа го потврди италијанскиот гигант.
Скола имаше понуди од Реал Мадрид и Бока Јуниорс, но на крајот реши да се пресели во Милано, кадешто потпиша едногодишен договор.
Искусниот центар се враќа во Евролигата по 12 години, откако претходно играше одлично во европското натпреварување, а потоа имаше авантура и во НБА-лигата, кадешто ги носеше дресовите на Хјустон, Индијана, Торонто и Бруклин.
Последните две сезони настапуваше во Кина з Шанжи и Шангај, а сега се сели во Олимпија по одличнтие настапи на Светското првенство во Кина.
Скола со 17,9 поени и 8,1 скок по меч ја предводеше Аргентина на патот до сребрениот медал.