Мурињо отфрли можност да се врати во една голема лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо веќе осум месеци е без тренерски ангажман откако го напушти Манчестер Јунајтед на 17 декември минатата година.

Португалецот постојано се поврзува со тренерските столчиња на голем број екипи, а сега тој отфрли можност да се врати во Серија А,каде наскоро ќе биде слободно тренерското место во Милан.

„Немам работено речиси осум месеци, па ќе видиме што ќе се случи. Сепак, не мислам дека ќе се вратам во Италија. Имам такво чувство. Не мислам дека мојата иднина ќе биде во Италија“ –изјави Мурињо за „ТикиТака“.