Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот репрезентативец на Германија Бастијан Швајнштајгер синоќа го одигра последниот натпревар во дресот на Елф.
Овој 32-годишен се одлучи да рече „збогум“ на репрезентацијата на Германија за која одигра 120 натпревари и освои Светско првенство во Бразил 2014 година.
Солзите на Швајшјтајгер не простувањето го допре светот.
Сите тие кои го сакаат фудбалот, дали го сакале Бастијал или не, беа тажни и многумина по пат на друштвените мрежи се простија од луцидниот германски играч за врска.
Тоа се однесува и на Фејсбук страната на неговиот поранешен клуб Баерн, но не и на Манчестер Јунајтед.
Додека страницата на Баерн во текот на натпреварот против Финска во Мехенгледбах го следеа секој потег на Швајнштајгер и го поздравија овој фудбалер како што доликува, Јунајтед не му посвети ниту една објава.
Јунајтед синоќа се потсети на првата годишнина од доаѓањето на Марсијал во Јунајтед, повикувајќи ги навивачите да гласаат за гол на месецот и известено е дека се продаваат сите три гарнитури на дресови.
Можевме да прочитаме многу за тоа, но за Швајнштајгер ниту збор. И, баш ова се ситниците кои синоќа направија разлика меѓу Баерн и Манчестер Јујнајтед.
Поранешниот клуб на Бастијан покажа огромен респект, а актуелниот го игнорираше, тоа оди на душа на нив.