Шмајхел: Пол Погба е „проблематичното дете“ во Јунајтед

Легендарниот дански голман, Питер Шмајхел го критикуваше Пол Погба за неговите настапи во Манчестер Јунајтед оваа сезона.

Шмајхел истакна дека 26 годишниот фудбалер поради слабото залагање не е омилен кај фановите на клубот.

„Начинот на кој топката се движи кога Погба е во тимот е поразличен од начинот и брзината на кој таа се движи кога тој не е во тимот. Тоа е нешто на што Погба мора да работи. Во првите 25 минути од средбата со Арсенал тој само ја враќаше топката назад, за играч од негов калибар тоа е недозволиво и разочарувачки“ –изјави Питер Шмајхел.