Баерн се прошета во Лондон и му даде СЕДУМ гола на минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите (Видео)

Баерн Минхен дефинитивно го одигра својот најдобар натпревар во последните неколку години откако по убедливот настап во Лондон славеше со неверојатни 7:2 против Тотенхем.

Оваа вечер никогаш нема да ја заборави Серж Гнабри кој постигна дури четири од седумте погодоци на гостинот од Баварија, два беа дело на Роберт Левандовски а еден беше постигнат од Џошуа Кимих.

ИНтересно е тоа што Тотенхем прв дојде до водство преку Сон, а потоа следуваше вистински потоп. Следниот гол за „петлите“ го постигна Хари Кејн од пенал.

Црвена Звезда- Олимпијакос 3:1

Галатасарај- ПСЖ 0:1

Јувентус- Баер Леверкузен 3:0

Лок. Москва- АтлетикоМадрид 0:2

Манчестер Сити- Динамо Загреб 2:0

Тотенхем- Баерн Минхен 2:7