Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот голман Тибо Куртоа беше заменет на полувреме на мечот меѓу Реал Мадрид и Клуб Бриж, а потоа го пропушти и тренингот на Реал Мадрид.
Се шпекулираше дека тоа е поради незадоволство или некој вид на протест, но белгискиот голман очигледно има психички проблеми.
Според „Диарио Мадридиста“, медицинскиот тим на „кралевите“ открил дека Куртоа има панични напади, па во моментов се работи на случајот и решавање на проблемот, иако нема толку лесно да се среди.
Исто така, се споменува дека голманот веќе пропуштил два тренинга и нема да брани на следниот меч против Гранада на петти октомври, а кога ќе се врати на теренот засега не е познато.