„Кралевите“ имаат правилник: Санкции за „непослушните“, казна може да се добие за буквално – сè!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид ставил на сила нов правилник, според кој се превидува парична казна, но и неколку други дисциплински мерки против фудбалерите.

Фудбалерите мора да стигнат 45 минути порано од почетокот на тренингот во клубот, а доколку доцнат, тогаш казните се движат од 250 до 1.000 евра. Доколку не се појави фудбалерот, тогаш казната ќе биде 3.000 евра и предупредување да не се повтори.

Нема мобилни телефони во текот на масажата, како ниту во автобусот, а ако се прекрши правилото, казната изнесува 250 евра.

Ако фудбалерот го напушти Мадрид поради спонзорски договор, а не го извести клубот, казната е – 1.000 евра.

Фудбалерите кои не се повикани за мечот, не смеат да го напуштат стадионот, поточно ќе бидат казнети ако нивните документи не се во соблекувалната барем десет минути пред крајот на мечот.

Казните не се високи, но повторувањето на прекршоците е драстично казниво, иако професионалците во Реал ретко ги кршат правилата.