Челси ќе има големи маки да го задржи Канте, уште еден клуб го посакува во своите редови


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Нголо Канте со своите игри годиниве наназад го привлекува вниманието на бројни европски гиганти.

Пред неколку денови излезе информација дека за Канте постои интерес од тимот на Јувентус, а денеска шпанските медиуми пренесуваат дека и Реал Мадрид се вклучил во трката за фудбалерот.

„Спорт“ пишува дека омилениот фудбалер е во игра за трансфер во Реал Мадрид, а освен Канте Реал се поврзува и со Пол Погба, Кристијан Ериксен и Дони ван де Бек.