Барселона го продава Гризман по една сезона зашто има – голем план!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Антоан Гризман летово стигна во Барселона од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра.

Барселона долго време се обидуваше да го ангажира Гризман во свои редови, а тоа им успеа летово, откако ја активираа откупната клаузула, но навивачите не се задоволни од неговите настапи.

Француските медиуми објавија дека Барселона веќе размислува да го продаде Гризман следното лето доколку не почне да игра подобро.

Наводно, во клубот се подготвени да го вратат Нејмар на „Камп Ноу“, а „жртва“ на целиот план ќе биде токму Французинот.

Каталонците се подготвени следното лето во трансферот на Нејмар да го вклучат и Гризман за полесно да ја убедат управата на ПСЖ да им го продаде Бразилецот.