Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Екипата на ПСЖ уште повеќе се одвои на табелата во францускиот шампионат по денешната убедлива победа против Анже со 4:0.
„Светците“ беа расположени за постигнување голови, а интересно е тоа што сите четири погодоци ги постигнаа четворица различни фудбалери.
Три од четирите погодоци беа дело на новите засилувања, додека последниот беше дело на Нејмар, кој продолжува со одличните партии и покрај тоа што е дочекан на „нож“ кај фановите на ПСЖ.
Резултатот го отвори Сарабиа во 13. минута, во 37. минута на 2:0 зголеми Мауро Икарди, а во 59. минута Геје го постигна третиот гол за ПСЖ. Конечниот резултат го постави Нејмар во финишот на натпреварот.