Има нешто поголемо од болката: Вчера го оперираа, а денеска оди по скали (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Челси, кој настапува во моментов на позајмица во Рома, Давиде Ѕапакоста имаше операција во текот на вчерашниот ден.

Ѕапакоста летово стигна во Рим на позајмица и Рома сакаш уште во јануари да го откупи неговиот договор, но во меѓувреме доживеа тешка повреда во која му настрадаа лигаментите на коленото.

Овој 27-годишен дефанзивец имаше опрација, која помина во најдобар ред, а од Рома потврдија дека Ѕапакоста ќе биде надвор од теренот најмалку шест месеци.

Иако многумина по таквите операции лежат во кревет, сепак Ѕапакоста е веќе на нозе, па објави видео на кое се гледа како се качува по скали.