Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Милан и официјално потврдија дека се разделиле со досегашниот тренер на тимот, Марко Џампаоло.
Поранешниот тренер на Сампдорија не издржа многу на клупата на „росонерите“ откако им го донесе најслабиот старт во последните 80 години.
„Милан објавува дека го ослободува Марко Џампаоло од неговиоте одговорности како тренер на првиот тим. Клубот сака да му се заблагодари на Марко за работата која ја работеше досега и му посакува успех во неговата кариера“ –стоеше во соопштението на Милан.
Нов тренер на Милан многу веројанто ќе биде Стефано Пиоли кој е познат по водењето на Фиорентина, а една година помина и како тренер на Интер.