Спортинг Лисабон го менува името на стадионот поради – Кристијано Роналдо


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Кристијано Роналдо неодамна кажа што планира да работи откако ќе ја заврши кариерата, па призна дека се радува на работите кои доаѓаат во иднина, а немаат поврзаност со фудбалот.

Роналдо уште пред неколку години заплови во бизнисот, за да има нова работа по завршување на кариерата.

Португалецот призна дека се радува на животот по фудбалот и за жал очигледно нема да биде тренер.

За завршувањето на неговата кариера размислува и Спортинг Лисабон, кадешто ја почна кариерата 34-годишниот фудбалер.

Стадионот на Спортинг се вика „Хозе Алваладе“, но претседателот на клубот Фредерико Варандас кажа дека во иднина стадионот сигурно ќе се вика Кристијано Роналдо.