Еден од најугледните светски медиуми: Манчестер Јунајтед ќе троши во јануари

„ЕСПН“ пренесува дека Манчестер Јунајтед ќе располага со значителни финансиски средства во јануарскиот преоден рок.

„Ѓаволите“ ќе се обидат да го исправат тоа што не го направија во летниот преоден рок и да донесат еден играч од средниот ред и еден напаѓач за што подобро да ја завршат сезоната.

Се верува дека прв пик ќе биде Марио Манџукиќ, а не се исклучува можноста да се тргне и по Бруно фернандеш од Спортинг Лисабон, како и Емре Чан од Јувентус.