Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан се мачи во последните години, а „Елиот“ групацијата го презема тимот и со големи амбиции влезе во новата сезона, но „росонерите“ играат полошо од претходно, па тренерот Марко Џампаоло доби отказ, а како замена пристигна Стефано Пиоли.
Италијанските медиуми пишуваат за големите финансиски проблеми на клубот, иако „росонерите“ тврдат дека тоа е претерано, па тие и понатаму имаат големи амбиции.
За да го вратат клубот на врвот ќе мора да донесат врвен тренер и искусен спортски директор, а токму Пеп Гвардиола и Марк Овермарс се првиот избор на управата.
Иако во моментов многумина сметаат дека такво нешто не е возможно, сепак управата на Милан е цврсто убедена во својата намера и ќе се обиде да го добие тоа што го посакува.