Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу прашина се крена во италијанската јавност, откако Јувентус на домашен терен ја победи Болоња со 2-1, а јунак на мечот беше Џанлуиџи Буфон, кој имаше неколку фантастични одбрани.
Меѓутоа, според многумина дамка на мечот е спорната ситуација во судиското надополнување. Болоња имаше последен напад на мечот, а Матијас де Лихт играше со рака по еден центаршут на противничкиот тим.
Сепак, според правилата на управата на судиската организација, судијата донел точна одлука и постапил според правилата.
„Го погоди топката во рака, но според правилата тоа не е пенал. Правилата се јасни и би сакал навивачите да научат што е пенал, а што не. Кој мисли дека треба да се менуваат правилата ако станува збор за друг клуб, тогаш не треба да доаѓа на натпреварите. Правилата за сите се исти и тоа е јасно“, порачаа од управата.
Uhm… pic.twitter.com/pi99mQPoEW
— pap1pap (@pap1pap) October 19, 2019