Македонија напредуваше на најновата ФИФА-листа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство преку квалификациите, но и покрај тоа напредуваа на ФИФА-листата поради триумфот против Словенија на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје со 2-1.

Македонија минатиот месец напредуваше за две позиции, а сега за уште една, па на најновата ранг-листа е на 68. место со 1.344 поени.

Македонските фудбалери следниот меч во квалификациите го играат на 19 ноември во Скопје протви Израел, а претходно следува гостување кај Австрија.

Во врвот на ФИФА-листата нема промени, па Белгија останува на првото место, додека зад нив се Франција, Бразил и Англија. По нив следуваат Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија, Аргентиниа и Колумбија.