Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се запиша во историјата на НБА-лигата уште во првиот меч сезонава, откако постигна 34 поени и девет скокови во триумфот на Далас маверикс против Вашингтон (108-100).
Тоа беше најголем број на поени кој еден кошаркар до 21 година го постигнал на стартот на сезоната во најсилната лига во светот.
Дончиќ постигна четири тројки од девет обиди, а навивачите му скандираа „МВП, МВП“. Инаку, Словенецот минатата сезона беше избран за најдобар дебитант во НБА.
Освен Дончиќ, одличен впечаток остави и Криштапс Порцингис, кој со 23 поени се врати по повредата и година ипол пауза.
Од Дончиќ се очекува многу во иднина, а како што ја почна сезоната во НБА, тоа може да стане и реалност.