Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо на крајот на 2018 година доби отказ од страна на Манчестер јунајтед по серијата лоши резултати, а на негово место седна Оле Гунар Солскјер.
Португалецот речиси целосно се повлече од тренерската работа, иако често на телевизиските станици работеше како фудбалски аналитичар, но очигледно решил да се врати на тренерската клупа.
Се споменува како тренер на многу тимови, а сега најактуелна приказна е за негов ангажман во Тотенхем на местото на Маурицио Покетино.
Сепак, Португалецот синоќа бил забележан на трибините на „Емирати“ на мечот на Арсенал во Лига Европа, а наводно подоцна седел и со член на управата на „топчиите“.
Мурињо би можел да го наследи Унај Емери, кој не ги задоволува навивачите со резултатите во новата сезона.
Mourinho at the Arsenal game last night. ? pic.twitter.com/QpBf2bi6eI
— GoonerViews (@GoonerViews) October 25, 2019