Бизарна повреда на највисокиот кошаркар во НБА: Си ги миел рацете, па заработил потрес на мозок!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фол не беше избран на годинешниот НБА-драфт, но подоцна се избори за договор со Бостон селтикс, па така стана највисокиот кошаркар во НБА-лигата.

Овој 23-годишен Сенегалец е висок два метри и 26 сантиметри, а наводно Фол требало да биде во екипата на стартот на НБА-сезоната на мечот против Филаделфија, но мораше да го пропушти дуелот поради потрес на мозок.

Фол влегол во тоалетот на тренинг-центарот на Бостон за да ги измие раце, но притоа удрил со глава во таванот и најпрво не посветил многу внимание на инцидентот, но два дена подоцна се пожалил и тогаш било откриено дека добил потрес на мозок.

„Фол заборави колку е висок и мислам дека по ова ќе научи секогаш да внимава. Се надевам дека набрзо ќе се врати во составот, зашто ни е потребна неговата висина“, вели тренерот на Бостон, Бред Стивенс.