Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Милан наскоро би можел да добие нов сопственик поради тоа што се соочува со големи загуби, а што ќе се случи со „росонерите“ е прашањето кое постојано се поставува.
Милан нема квалитет, но тоа беше познато и пред почетокот на сезоната. „Росонерите“ загубија пет од девет меча во италијанското првенство, па го променија и тренерот.
Ако се гледа табелата, Милан мора да почне да размислува за опстанок во лигата и тоа поради неколку причини.
Првата е тоа што три бода е над зоната за испаѓање, а седум минус во однос на четвртопласираниот Наполи.
Главен проблем се страшните загуби, односно 146 милиони евра во однос на минатата година, па сега сопствениците не се појавуваат и не сакаат да вложуваат.
Во јавноста се коментира дека никој не се плаши од Милан, кој во следното коло ќе го пречека СПАЛ.
Ако не го победат ниту СПАЛ, во Милано ќе бидат соочени со црната вистина, па пласман на средината на табелата е реален, доколку ги подобрат за нијанса резултатите.