Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, извојува херојска но и драматична победа од 0-1 против Шкотска. Во 21 минута Кире Маркоски се снајде одлично во противничкиот казнет простор и со ефектна завршница погоди за 0-1, откако Марјан Радески направи пас до Маркоски.
Македонија последните 30 минути ги одигра со играч помалку, а најпрвин Демири се повреди во 34 минута па на негово место влезе Пивковски.
Голманот Алексовски беше вистински херој спаси многу чисти шанси за гол на домашните. Но за уште подраматично да биде Алексовски се повреди, откако доби неочекуван шут кој заврши во стативата, а Алексовски само лошо нагази при падот.
Со многу среќа Алексовски се опорави и издржа уште 20 минути. По грешка на одбраната Шкотска постигнува гол, но е поништен поради направен фаул врз голманот, а на 1 минута до крајот досуден е пенал, односно игра со рака, но кој?.
По протестирањето на нашите играчи и нашата клупа главниот судија отиде на консултација со помошникот и ја поправи својата грешка, односно шкотски фудбалер играше со рака и бараше пенал па заработи и жолт картон и одлуката за пенал е сменета исправно.
Да се потенцира дека Франција загуби на гости од Украина со 1:0, а Исланд победи на гости против Северна Ирска.
На табелата Исланд и Македонија имаат по 15 бодови, а Франција со 14.
Потребни ни се две победи, на домашен терен и кикс еден на Исланд за да одиме директно на ЕП.