Пандев доби казна поради реакции кон италијанските судии!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Капитенот на македонската репрезентација и фудбалер на Џенова, Горан Пандев доби казна од Серија А затоа што имал многу реакции кон италијанските судии на дуелот против Јувентус, па мора да плати казна од 1.500 евра.

Пандев доби казна поради неговите реакции, па управата на Серија А објасни дека таквите реакции мора да бидат санкционирани.

Од друга страна, помошникот на Тијаго Мота доби два меча суспензија, зашто реагирал непримерно кај главниот судија, по што казната беше неизбежна.

Џенова загуби кај Јувентус со 1-2 во последните моменти, откако беше досуден контроверзен пенал во 96. минута, кој го реализираше Кристијано Роналдо за три бода на „Старата дама“.