Леброн го дочека Дончиќ и го пофали на интересен начин!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенецот Лука Дончиќ се потруди минатата ноќ да испише историја во НБА лигата, откако против Лос Анџелес Лејкерс постигна 31 поен, 13 скокови и 15 асистенции.

Токму тие бројки му помогнаа да стане најмлад кошаркар на кој му успеало такво нешто. Воодушевен од него беше и Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари.

„Продолжи понатаму, ти си опасно копиле“, му кажа Леброн на Дончиќ, па американските медиуми пишуваат поради овој потег на „кралот“ по мечот против Далас маверикс.

Од друга страна, Дончиќ за Џејмс вели дека му е идол, па му е чест што има шанса во кариерата да игра против него во НБА-лигата.