Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона беше посрамотена со 1-3 во Валенсија кај Леванте, за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Каталонците беа големи фаворити, но уште еднаш беше потврдено дека не секогаш победуваат фаворитите.
Гостите со голот на Меси во 38. минута стигнаа до водство, но во продолжение Леванте за само седум минути направи голем пресврт.
Најпрво Кампања погоди за 1-1, а две минути подоцна Мајорал ја затресе гостинската мрежа за 2-1, додека Радоја во 68. минута погодува за 3-1.
Барселона се бореше во продолжение од средбата за да стигне до позитивен резултат, но Леванте успешно се бранеше и на крајот освои големи три бода.
Барселона е првопласирана со 22 бода, но вечерва Реал Мадрид може да скокне до врвот ако победи против Бетис.