Казорла блеска во Вилијареал но призна дека е отворен да направи трансфер


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот шпански фудбалер, Санти Казорла блеска во дресот на Вилјареал по неговото враќање во Шпанија.

Казорла мака мачеше со повреди додека беше во Арсенал, но од Вилјареал му дадоа шанса да се врати во врвот на фудбалот, и тој ја зграби со двете раце укажувајќи дека се уште може да даде  многу за тимовите во кои игра.

Фудбалерот неодамна даде изјава дека е отворен за премин во тим кој се натпреварува во САД, па ништо чудно наскоро да го видиме во МЛС Лигата.

„Ги сакам Соединетите Американски Држави, одлично место. Знам дека луѓето ми спомнуваат дека можам да се преселам таму. Тоа би било нешто што би го разглдал како опција“ –истакна Казорла.