Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Клубот Африкан, вториот најстар тим во Тунис и еден од најпознатите во Африка, се наоѓа во големи финансиски проблеми, а навивачите се здружија за да помогнат.
Поради неплатени обврски кон поранешните фудбалери на екипата беа одземени шест бодови, а казнети се и финансиски, па навивачите во еднодневна акција успеаа да соберат неверојатни 450.000 долари.
Дури и еден слеп човек ги донирал неговите заштедени пари за лекови само за да му помогне на неговиот омилен клуб.
Екипата е формирана во 1920 година, а и Фудбалската асоцијација на Тунис направи кризен штаб за да го спаси клубот од дополнителни санкции.
Во октомври беше отворена сметка за донации, а на него досега беа собрани дури 600.000 долари, па заедно со 450.000 долари собрани од другата акција тие стигнаа до еден милион, но сепак имаат да вратат дури шест милиони.