Потврда и од Америка: Ибрахимовиќ се враќа во поранешен тим во Италија


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ во декември ќе стане слободен фудаблер бидејќи му завршува договорот со Лос Анџелес Галакси, па најверојатно нема да остане во МЛС-лигата.

Иако има 38 години, сепак Ибрахимовиќ е голема желба на многу клубови, а најблиску е до тимот на Милан.

„Ибрахимовиќ се враќа во Серија А, иако има 38 години, а ќе го ангажира екипата на Милан“, порача Дин Грабер.

Враќањето на Швеѓанецот во Италија неодамна го најави и Антонио Касано.

„Ибрахимовиќ е единствена надеж за Милан да стане подобар. Тој ќе ги направи подобри сите во екиипата. Мислите дека не би дошол? Јас сум сигурен дека ќе се согласи, ако му дадат договор на година ипол“, порача Касано.