Роналдо по мечот со Милан испрати порака составена од – четири зборови! (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се огласи на социјалната мрежа Инстаграм по случувањата во текот и по мечот меѓу Јувентус и Милан (1-0).

Маурицио Сари го замени Роналдо во 55. минута, а притоа португалскиот фудбалер тргна кон соблекувалната и не се поздрави со тренерот.

Најдобриот фудбалер на „бјанконерите“ не го дочека ниту крајот на мечот во Торино, па три минути пред крајот го напуштил стадионот.

Потезите на Роналдо предизвикаа бура во италијанската јавност, а Сари на прес-конференцијата се обиде да ја смири ситуацијата.

По преспиената ноќ се огласи и Роналдо, кој го опиша дуелот против Милан со само четири зборови.

„Тежок меч, важна победа“, порача Роналдо по минималниот триумф на Јувентус против Милан.

 

View this post on Instagram

 

Partita difficile, vittoria importante! #finoallafine

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on