Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот стратег на Арсенал, Унаи Емери доби поддршка од раководството на клубот и покрај фактот што има победено само на два од последните десет натпревари во Премиер лигата.
Еден од првите луѓе на клубот, Раул Санлехи, заедно со директорот за менаџмет, Винаи Венкатешам се обратија на околу 200 луѓе вработени во Арсенал и на средбата им посочија дека Емери ќе добие поддршка затоа што тој е вистинскиот човек за клубот во моментов.
„Разочарани сме како и сите поради нашите резултати и играта овој период од сезоната. Ја делиме фрустрацијата со нашите фанови, Унаи, фудбалерите и сите ние како вработени не сме на нивото кое го очекувавме. Работите мора да се подобрат за да ги постигнеме целите оваа сезона, а ние цврсто сме убедени дека Унаи е вистинскиот човек за работата“ –им изјавил Санлехи на вработените.