Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека состојбата во Наполи полека излегува од контрола и дека Аурелио Де Лаурентис е подготвен да ги продаде сите ѕвезди од клубот.
Меѓу нив е и Калиду Кулибали кој долго време е интересен за најголемите европски клубови кои се подготвени да платат вистинско богатство за него.
За Кулибали најсериозен интерес пројави Манчестер Јунајтед, но занего се распрашуваа и Челси и Манчестер Сити, па ништо чудно тој да ја замени Италија со Англија веќе следното лето.
Со него нема да се брза и Наполи нема да притиска да го продаде во јануари, каков што е случајот со Дрис Мертенс и Хозе Каљехон кои со сигурност ќе си заминат од клубот во јануарскиот преоден рок.