Младата репрезентација на Макдонија доживеа пораз на гостувањето кај Шпанија (Видео)

Младата репрезентација на Македонија доживеа пораз на гостувањето кај „црвената фурија“ во рамкитеод квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Шпанците беа непогрешливи и го совладаа нашиот тим со чисти 3:0, а имаа иницијатива во текот на целиот натпревар.

Избраниците на Милевски се обидоа да играат храбро,но беа инфериорни во текот на целиот натпревар очекувано ги загубија бодовите.

И покрај поразот, Македонија е во убава позиција и во моментов се наоѓа на третата позиција на табелата со вкупно седум бода, исто колку што има и Израел кој е на втората позиција.

На 19. ноември нашата репрезентација гостува на Фарските Острови во натпревар во кој се очекува освојување на трите бода.