Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Лос Анџелес Галакси вчера соопшти дека на крајот на сезоната во МЛС-лигата, ќе замине Златан Ибрахимовиќ, а за такво нешто се шпекулираше долго време.
Со Швеѓанецот се поврзуваат неколку италијански клубови како Интер, Милан, Наполи и Болоња, а новинарите побараа одговор и од тренерот на американскиот тим, Гилјермо Барош Шелото.
„Не знам што ќе направи Ибра. Тој е фантастичен фудбалер, но не знам кој ќе биде неговиот следен чекор, можеби ќе ја заврши кариерата во Наполи или во Милан. Заслужува да ја заврши кариерата во Италија“, одговори тој.
Еден од клубовите, кои покажаа интерес за Ибра е Наполи, кој би донел големо искуство и би можел да го крене тимот на табелата во Серија А.