Ибрахимовиќ има конечна одлука: Швеѓанецот се враќа во Италија?


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ го напушта Лос Анџелес Галакси и ги остави Американците да гледаат бејзбол, а очигледно следува враќање во Италија.

Ибрахимовиќ ниту на 38 години не е подготвен да се пензионира, па многу опции се појавија по медиумите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Се шпекулираше дека Болоња е во фаворитска улога, но како минуваше времето се менуваа екипите заинтересирани за Швеѓанецот, а според најновите италијански медиуми, Ибра ја донел конечната одлука.

Ибрахимовиќ, наводно, решил да се врати на „Сан Сиро“ и да му помогне на паднатиот гигант во борбата за топ-4 позициите во Серија А.

Да потсетиме, за услугите на шведскиот напаѓач беа заинтересирани и Наполи и Болоња.