Платини: Јас сум против ВАР-технологијата, тоа е едно убаво с*ање!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини не е воодушевен од ВАР-технологијата, па во италијанска телевизија зборуваше за системот.

Платини го критикуваше учеството на технологијата во судењето на фудбалските натпревари.

„Ми требаше половина час да објаснам зошто тоа не ги решава проблемите, само ги поместува. Јас сум против ВАР, мислам дека тоа е убаво с*ање“, порача Платини.

Платини неодамна доби дозвола повторно да работи во фудбалот, откако му заврши забраната за извршување било какви функции поради вмешаност во корупција.

„Во ФИФА не ме сакаа за претседател, зашто сакав да го бранам фудбалот и затоа што бев единствен поранешен фудбалер, кој можеше да стане претседател“, кажа Платини, кој не ја исклучи можноста да се врати во светот на фудбалот.