Гризман по само една година ја напушта Барселона!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Францускиот напаѓач Антоан Гризман летоска стигна во Барселона од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но тој уштее не го покажа својот квалитет и навивачите немаат трпение.

Во шпанските медиуми се шпекулира дека Гризман би можел по само една сезона да ја напушти Барселона, а каталонски „Спорт“ објави дека Французинот не е задоволен со ситуацијата.

Наводно, интерес за Гризман покажал ПСЖ кој со години се обидува да го ангажира, па парижаните сигурно ќе сакаат да го купат ако Французинот реши да ја напушти Барселона.

Французинот неодамна изјави дека е задоволен во клубот и максимално фокусиран да успее во Барселона, но ситуацијата на крај би можела да има поинаков расплет од очекуваниот.