Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометарките на Вардар славеа во Јане Сандански со 35:27 на пријателски натпревар против Ларвик.
Вардар беше помоќен и посилен. После 11 минути игра беше 11:7 за Вардарки. Во последните 10 минути направија голема серија ракометарките на Вардар и заминаа на полувреме со 20:11. Во 48-ма минута Ларвик успеа да намали до 3 погодоци разлика, 25:22, но набрзина Вардарки вратија со голема серија за мирен финиш и победа од 35:27.
Лазовиќ беше најефикасна кај Вардар со 7 погодоци, Радичевиќ и Дамњановиќ додадоја по 5 погодоци. Кај Ларвик најефикасна беше Бреистол со 8 погодоци.