„Росонерите“ возбудени: Милан испрати официјална понуда за Ибра! (ФОТО)

Милан испратил официјална понуда до својот поранешен фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој се враќа во Европа по авантурата во Лос Анџелес Галакси.

„Росонерите“ играат лошо и сезонава, па голема борба ги чека за да се вратат во врвот, а раководството смета дека Ибрахимовиќ може да им помогне во таа намера.

Ибрахимовиќ играше во Милан од 2010 до 2012 година, а притоа настапи на 85 меча и постигна 56 голови, а ги водеше и до титулата во 2011 година.

Шведскиот напаѓач претходните две години играше во МЛС-лигата за Галакси, а во богатата кариера го носеше дресот и на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.