Зидан ги налути навивачите на Реал Мадрид поради – Бејл!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва на домашен терен игра против Реал Сосиедад во 14. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ по репрезентативната пауза ја продолжуваат битката со Барселона за првото место во шпанскиот шампионат.

Пред мечот се зборуваше за Герет Бејл, кој ги налути навивачите со своето однесување откако Велс се пласираше на Евро 2020. Тој славеше со своите соиграчи голем успех, па се фотографираше со знаме на кое пишуваше „Велс-голф-Мадрид, по тој ред“.

Навивачите очекуваа казна поради неговиот потег, а тренерот Зинедин Зидан не направи ништо. Французинот дополнително ги налути навивачите со тоа што реши на Бејл да му даде шанса од првата минута во мечот против Сосиедад.