Де Лаурентис без милост: Елмас ќе остане без 375.000 евра!?

Во Неапол се случи вистински хаос откако фудбалерите кренаа бунт против претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис.

По мечот против Салцбург во Лигата на шампиони, фудбалерите наместо во карантин – заминаа во своите домови, па поради тоа Де Лаурентис реши да им ги замрзне сметките, како и да ги казни фудбалерите со 25% од платата до крајот на сезоната.

Доколку е тоа вистина, тогаш македонскиот фудбалер Елиф Елмас ќе остане без голем дел од својата плата, која изнесува 1,5 милиони евра.

Поточно Елмас ќе остане без 375.000 евра според италијанските медиуми, а се шпекулира и дека Де Лаурентис сака да ги продаде Инсиње, Кулибали, Алан, Мертенс и Калјехон.