Кокошков најави ултра засилување: Србија добива кошаркар од НБА-лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот селектор на Србија, Игор Кокошков би можел да ја засили репрезентацијата со ѕвезда од НБА-лигата, која има српски корени.

Кокошков призна дека размислува да го повика кошаркарот на Феникс санс, Френк Камински.

„Баш го споменав на една колешка од Сакраменто кингс. Знам дека Камински има српски корени. Не ги знам точно деталите, но секој кој има таков потенцијал би сакале да го имаме во репрезентацијата. Камински е кошаркар во НБА, па ќе видиме што ќе направиме“, вели Кокошков.

Камински има 26 години и е висок 213 см, а сезонава игра во просек по 24 минути и постигнува по 10,9 поени и 5,6 скокови.