Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На драфтот во 2018 година се појави Лука Дончиќ како еден од најголемите таленти и беше избран како трет пик од страна на Атланта хокс, а во размена беше испратен во Далас маверикс.
Новинарот на „ЕСПН“, Тим Мекмејхон кажа дека генералниот менаџер на Сакраменто кингс, Владе Дивац решил да го испушти Дончиќ поради лоши односи со неговиот татко.
Дончиќ во просек сезонава постигнува по 29,9 поени, 10,4 скокови и 9,7 асистенции, па тоа покажува дека Дивац згрешил.
Дончиќ дури четврти меч по ред постигна повеќе од 30 поени, па имаше и десет асистенции, а тоа за момче од 20 години е навистина неверојатно.
Последна жртва на Дончиќ беше Хјустон рокетс, а Словенецот овој пат постигна 41 поен.